100 војници и 70 лица од клиничкиот персонал од 16-от медицински полк со седиште во Колчестер, Англија, пристигнаа во Турција на 14 февруари за да обезбедат третман за погодените од земјотресите на југот на земјата
Mедицинскиoт персонал на британското воено воздухопловство имаа незаборавни искуства при лекувањето на жртвите од земјотресот во турската провинција Кахраманмараш.
Вкупно 100 војници, вклучително и 70 лица од клиничкиот персонал од 16-от медицински полк со седиште во Колчестер, Англија, пристигнаа во Турција на 14 февруари за да обезбедат третман за погодените од земјотресите на југот на земјата.
Мајор Шон Мејсон (35), офицер и раководител на медицинската група, беше задолжен за медицинските лица и објектите во областа Туркоглу во Кахраманмараш. Тој е импресиониран од издржливоста на турскиот народ и покрај ситуацијата во која се најдоа.
„Ситуацијата овде и она низ што мораше да помине турскиот народ по земјотресот е навистина многу длабока. Факторoт колку луѓето се издржливи е секако охрабрувачки за мене и за моите војници“, изјави Мајсон.
Британскиот медицински тим обезбеди одредена техничка опрема, вклучувајќи рендген и радиографија, која привремено беше недостапна за турските лекари во првите денови по земјотресот.
„Турскиот медицински тим и тимот за итна медицинска помош на Обединетото Кралство веќе беа меѓу друштвото кога пристигнавме во Кахраманмараш. Со нас се и лекари по општа пракса, како и помлади медицински лица кои можат да помогнат, за се што е потребно во водењето на болницата“, вели Мајсон.
Тој имаше пофални зборови за капацитетите на турскиот здравствен систем и покрај тоа што е преоптоварен со пациенти.
„Неверојатно е колку брзо тие можеа да се вратат на нормалниот начин на живот и се справуваа со огромниот број пациенти со кои мораа да се справат“, изјави Мајсон.
Досега во установата се згрижени повеќе од 100 пациенти, каде се обезбедуваат две здравствени услуги со кревети за интензивна нега, ургентен оддел и теренска медицинска сестра за ментално здравје.
Луси Вајтхаус (27), медицинска сестра специјалист за изгореници, рече дека лекувале многу педијатриски пациенти со изгореници во нивната установа.
„Работев со турските медицински сестри кои видоа како се справуваме со изгорениците во Велика Британија. Прв пат правам нешто вакво. Многу сум горда што можам да им помагам на другите луѓе“, рече Вајтхаус.
Посебно емотивни за неа биле моментите кога се грижела за децата.
„Јас сум медицинска сестра за возрасни. Никогаш не се грижев за деца додека не пристигнав овде. Закрепнувањето на децата со изгореници е тешко за сите“, изјави Вајтхаус и признава дека искуството во Кахранамараш променило некои нешта и во нејзиниот начин на работа.
Стравувања по земјотресите
Ричард Ејнсворт-Масиело, медицинска сестра за ментално здравје, досега се грижеше за приближно 50 турски пациенти. Панични напади и акутна вознемиреност е она со што најмногу се соочува.
“Луѓето имаат страв од понатамошни земјотреси со потресите, страв од уривање на некои згради. Исто така има многу луѓе кои се депресивни и и тажни” истакнува Ејнсворт – Мансиело.
Најголем предизвик за него била 91 годишна пациентка слепа и делумно глува со напади на паника..
Најмалку 43.500 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари. Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Елазиг и Шанлиурфа. ТРТ Балкан