Принцот Ендрју никогаш нема да се врати во кругот на британското кралско семејство по објавувањето на документи во кои се детализирани наводите за секс скандал со малолетничка и врска со Џефри Епштајн, објавија британските медиуми.
Документите објавени од судот во Њујорк вчера ја ставија врската на војводата од Јорк, принцот Ендрју со педофилот Џефри Епштајн повторно во центарот на вниманието, со тврдења дека принцот извршил „сексуална злоупотреба“ и учествувал во „оргија со малолетници“.
И покрај ова, Ендру жестоко ги отфрли сите обвинувања против него. Добро упатени извори за Daily Mail вчера изјавија дека, иако тврдењата на судот не беа изненадување, тие ќе послужат за „кристализирање“ на решеноста на кралот Чарлс конечно да го реши „проблемот Ендру“.
Неодамна објавените судски документи се верува дека ја зајакнале решеноста на кралот дека на Ендру никогаш повеќе нема да му биде дозволено да ги преземе кралските должности.
Веќе се работеше на плановите да го иселат од Кралската ложа, неговиот дом со десет спални соби во Виндзор, каде што живее од 2003 година, и да го преместат во помала резиденција во согласност со неговиот статус „намален“.
-Кога станува збор за каква било јавна улога на неговиот брат, нема враќање назад. Секогаш постоеше договор дека на Ендру ќе му биде дозволено да присуствува на приватни и семејни настани, како што беше негово право. Но, не на јавни или официјални. Тоа не се промени – изјавил изворот за Дејли Меил.
Ендру веќе ги отфрли барањата на Чарлс да се пресели во помалата куќа Фрогмор, која претходно им припаѓаше на Хари и Меган пред да заминат во САД. Сега е јасно, пренесуваат британските медиуми, дека во наредните месеци кралот ќе го зголеми притисокот да го пресели својот брат.
-Кога станува збор за семејството, тешко е. Но, ова никогаш нема да исчезне. А тоа значи дека тој (Ендру) мора да се пресели– вели изворот.
Да потсетиме дека новооткриените документи се однесуваат на случај покренат во 2015 година на Менхетен. Во нив, Вирџинија Џуфре, родена Робертс, ја обвинува Џилијан Максвел, која била нешто како „мадам“ за Епштајн и подведувала девојки. Еден британски принц бил наведен меѓу оние кои биле со осудениот педофил.
Ендрју, кој со години се обидуваше да го обнови својот уништен имиџ во јавноста, е именуван 69 пати во новите досиеја, заедно со десетици други познати и богати луѓе кои се спријателиле и работеле со покојниот финансиер, кој беше осуден за подведување и злоупотреба на малолетници.
Во досиејата, најмногу привлекуваше вниманието беше сведочењето на „Џејн До 3“ – подоцна идентификувана како г-ѓа Џуфре – која тврди дека била принудена да има секс со Војводата во три наврати, вклучително и кога имала 17 години.
Таа тврди дека Епштајн и наредил „да му даде на принцот сè што ќе побара“, вклучително и „оргии со многу други малолетни девојчиња“ на карипскиот остров Литл Сент Џејмс на финансиерот.
Како дополнителен удар за Ендру, документите од случајот се очекува да бидат објавени во наредните денови, што значи дека тој потенцијално би можел да се соочи со денови на срамни наслови за неговото пријателство со Епштајн.