БРИТАНЦИТЕ ПРВ ПАТ ГО ТЕСТИРААТ ОРУЖЈЕТО НА ИДНИНАТА: Светот е зачуден, ова ќе го смени ПАТОТ НА ВОЈНАТА

Британската армија за прв пат употреби ласер за напад на воздушни цели .

Британското Министерство за одбрана објави дека најновата проверка на ефикасноста на системот „Dragonfire“ , чиј поединечен „куршум“ чини нешто помалку од 10 фунти, е голем чекор кон воведувањето на ова оружје во воената служба.

Министерството објави дека „Dragonfire“ е оружје што може да ја нападне секоја цел што ќе ја види со брзина на светлината . Се додава дека „Dragonfire“ е исклучително прецизен и напаѓа цели користејќи густ зрак светлина. Кога погодува цел, нанесува структурна штета, а штетата може да се зголеми доколку ја погоди боевата глава.

Ласерот за воздушна цел е истрелан за прв пат на воениот полигон Хебриди во северозападна Шкотска, кој се користи за обука од страна на британското Министерство за одбрана.

Тајмс пишува дека „Dragonfire“ уништил беспилотни летала од далечина од неколку милји . Велика Британија се надева дека „Dragonfire“ ќе ја намали зависноста од скапа муниција. Цената од 10 секунди работа на „Dragon Fire“ наводно е еднаква на цената од 60 минути работа на обичен грејач.

И британската кралска морнарица и британската армија сакаат да го видат „Dragonfire“ во својот арсенал. Британското Министерство за одбрана неодамна објави дека ќе инвестира неколку милиони фунти за да ја „турне“ технологијата на која се базира „Dragonfire“ од фазата на истражување до оперативната фаза.

„Таквото модерно оружје може потенцијално да го трансформира бојното поле бидејќи ќе ја намали зависноста од скапа муниција и ќе го намали ризикот од колатерална штета“, изјави британскиот министер за одбрана Грант Шапс.