Бројот на загинатите во лавина на француските Алпи се искачи на шест лица

 Бројот на загинатите во лавина на француските Алпи денеска се искачи на шест, а меѓу загинатите има и двајца планинарски водичи, соопштија локалните власти.

Канцеларијата на обвинителството во Боневил, во департмантот Горна Савоја, наведува дека телото на шестото лице е пронајдено откако потрагата продолжила денеска по лавината која се случи вчера.

Едно лице е префрлено во болница со полесни повреди, соопштија од Горна Савоја. Пронајдени се уште осум лица, кои не се повредени.

Други детали за жртвите не се соопштени.

Лавината се случи вчера, околу пладне на глечерот Амансет, кој се наоѓа во близина на селото и ски-центарот Ле Контамен-Монтжоа, во департманот Горна Савоја.