На 6 февруари земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 турски области
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција минатиот месец се искачи на 45.968, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Сојлу рече дека бројот на загинати вклучува и 4.267 Сиријци.
На 6 февруари земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Над 13 милиони луѓе во Турција се погодени од земјотресите, кои ја погодија и Сирија.
Министерот Сојлу изјави дека регионот по катастрофата е потресен од над 13.000 последователни потреси.