Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 6.300

Најмалку 6.326 луѓе ширум Турција и Сирија загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди регионот. Бројот на загинати денеска се искачи на 4.544 во Турција, каде беа погодени 10 провинции, објави турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Бројот на загинатите во Сирија е повеќе од 1.782. Повеќе од 970 луѓе се убиени во областите под контрола на опозицијата, соопштија сириските бели шлемови, познати и како Сириска цивилна одбрана.

Во областите под владина контрола, бројот на загинати е 812, јавува државната новинска агенција САНА.

Најмалку 30.474 луѓе се повредени во двете земји, според турската влада, Белите шлемови и сириските државни медиуми.