– Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа, што траат од октомври, се искачи на 24.448, соопшти денес Министерството за здравство во блокираната енклава.
Министерството наведе дека 61.504 лица се повредени, и додаде дека израелските сили извршиле 16 масакри во крајбрежната територија во последните 24 часа, во кои загинале 163 лица, а 350 се повредени.
„Многу луѓе сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, соопшти Министерството.
Израел започна немилосрдни напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој се верува дека се загинати речиси 1.200 Израелци.
Околу 85 отсто од жителите на Газа се раселени поради израелските напади и акутниот недостиг на храна, вода за пиење и лекови. Стотици илјади луѓе живеат без засолниште, а во Газа влегуваат помалку од половина од камионите со хуманитарна помош отколку пред почетокот на конфликтот.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера го повтори својот повик за хуманитарен прекин на огнот за да се обезбеди помошта да стигне онаму каде што е потребна, и да се олесни ослободувањето на заложниците.