Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се зголеми на 28.775

 – Бројот на палестински жртви од израелската офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври се искачи на 28.775, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава.

Министерството соопшти дека 68.552 лица биле повредени во тековните напади.

Се додава дека во изминатите 24 часа израелските сили извршиле 10 масакри на целата територија, при што загинале 112 лица, а 157 биле ранети.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, соопшти Министерството.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според Обединетите нации, израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението на територијата внатрешно да се раселат поради постојан недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.