Туркије: Рудари од под урнатините спасија седумгодишно дете

Спасувачка екипа успеа да спаси седумгодишно дете од под урнатинни на зграда во Адијаман, 70 часа по разорните земјотреси кои на 6 февруари (понеделник) го погодија југот на Туркије.

Акциите на пребарување и спасување продолжуваат во регионите погодени од земјотрес.

Рударите кои учествуваат во акциите на спасување утрово со огромни напори ископаа тунел и од под урнатините го извлекоа седумгодишното момче Ахмет Ердем кој преживеа 70 часа по разорните земјотреси.

По излегувањето детето бараше гума за џвакање.

Потоа детето е предадено на преглед кај лекарските екипи и пренесено во болница поради медицински прегледи.

Најмалку 14.014 лица загинаа, а 63.794 лица се повредени, по двата силни земјотреси кои на 6 февруари го потресоа југот на Туркије, објави Управата за справување со вонредни ситуации (АФАД).

Земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала со епицентар во провинцијата Кахриманмараш, погодија 10 провинции и повеќе од 13 милиони граѓани.

ТРТ Балкан