Илегален мигрант загина денеска во сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во областа Чирпана, јавија бугарските медиуми.
Според првичните информации едно машко лице загинало на местото на несреќата, додека повредените се префрлени во болниците во Чипран и Стара Загора.
Во минибусот патувале 46 мигранти од кои 32 се повредени.
Како што јави БТВ, во минибусот патувале мигранти од Авганистан. Полицијата уапси еден човек за кој има сомнение дека е организатор на илегалното префрлување мигранти.