„БУНТУВАЊЕТО НА ВАГНЕР ГО ОТКРИ ХАОСОТ ВО РУСИЈА“: Зеленски му се обрати на Путин на руски (ВИДЕО)

Украинскиот претседател вечерва и се обрати на нацијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека бунтот на паравоената група „Вагнер“ во Русија разоткри целосен хаос во земјата. 

 Денеска светот може да види дека господарите на Русија не контролираат ништо – истакна Зеленски во своето ноќно видео обраќање, наведувајќи дека тоа значи отсуство на каква било предвидливост.

Зеленски рече дека Украинците нема да молчат и нема да останат неактивни, бидејќи, како што наведе, безбедноста на Источна Европа зависи исклучиво од украинската одбрана. 

Зеленски, во своето обраќање до рускиот претседател Владимир Путин, на руски рече дека колку подолго руските трупи остануваат на украинска територија, толку повеќе пустош ќе и донесат на Русија.