Бурно во студиото на Сител, Мицкоски се налути бидејќи водителката му се обрати со “Господине Груевски” (Видео)
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски биде видливо незадоволен и веднаш реагираше кога водителката и една од уредничките на ТВ Сител му се обрати со зборовите “господине Груевски”.
Тоа предизвика низа коментари на социјалните мрежи, од типот дека потсвеста прави чуда и дека во кратовската Телевизија се уште сонуваат по времињата на Никола Груевски.
А се требаше да биде поинаку. Ново студио, гостување на омилениот политичар и коалиционен партнер ( да не заборавиме партијата на Љубисав Иванов Sинго е “до гроб верна” на ВМРО ДПМНЕ и Белата палата ) и водителка која за разлика од интервјуата со вицепремиерот Бојан Маричиќ или со премиерот Димитар Ковачевски на интервјуто со Мицкоски “предеше како маче на октомвриско кратовско сонце”, и на крајот таков автогол “Господине Груевски”.
После сите конфликти на јавна сцена, обвинувања дека неговиот предходник шурува со власта и Али Ахмети, дека кога оди во Будимпешта ниту јавно, ниту тајно не се среќава со Груевски и дека тој на далечинско од Пешта не ја контролира Белата палата, на крајот и за луѓето и за новинарите кои му се наклонети Мицкоски тешко се ослободува од сенката на Никола Груевски.
Да видиме како тоа изгледаше за време на вчерашните Вести на ТВ Сител:
Ова е тоа подсвест https://t.co/XVUZqpHVEw
— Нешо (@nesosk) October 4, 2023