Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Норвешкиот писател Јон Фосе ја доби Нобеловата награда за литература за 2023 година.

Шведската кралска академија во соопштението соопшти дека наградата му е доделена на норвешкиот автор за неговите иновативни драми и проза.

Овогодишната сезона на доделување Нобелови награди почна во понеделникот со објавување на имињата на лауреатите за медицина.

Според традицијата, во вторник беше соопштен добитникот на Нобеловата награда за физика, во среда за хемија, а утре ќе биде објавен и добитникот на престижната награда за мир. Следниот понеделник ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за економија.