РУСИЈА ТЕСТИРАЛА НОВА МОЌНА НУКЛЕАРНА РАКЕТА – Владимир Путин гордо тврди: “Нема одбрана од ова тајно оружје!“

Русија можеби се подготвува да го тестира „Буревјесник“ (Burevestnik) – интерконтинентална крстосувачка ракета на нуклеарен погон, на полигонот Панково на местото Нова Землија, а можеби веќе го направила тоа, заклучија новинарите на весникот New York Times (NYT) врз основа на анализа на сателитски снимки.

Всушност, фотографиите направени утрото на 20. септември 2023 година, откриваат опрема на лансирната рампа, вклучително и камион со приколка што се совпаѓа со големината на ракетата. До пладне, камионот изчезнал, а тимот се вратил на првобитната локација, само за повторно да се види активност во областа на снимката направена на 28. септември – камионот бил паркиран во близина и засолништето повторно било ставено настрана.

Дополнително, на 31. август, руските воздухопловни власти издадоа известување до пилотите да избегнат „привремена опасна зона“ над дел од Баренцовото Море и неколку километри од местото на лансирање Панково, кое потоа беше продолжено до 6. октомври. Истото известување, како што забележува весникот, беше објавено и пред тестот „Буревјесник“ во 2019 година.

Буревјесник“ е тајна крстосувачка ракета со интерконтинентален дострел со нуклеарен погон, која прв пат беше објавена од рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето пред рускиот парламент во март 2018 година. Владимир Путин тогаш кажа дека ова е оружје против кое противниците немаат одговор:

Почнавме развој на стратешко оружје што не лета до целта на балистичка траекторија. Тоа значи дека против-ракетните системи се неупотребливи, а контрамерките се залудни“, порача тогаш претседателот на Русија.

Особено внимание привлече фактот дека е развиен многу мал и моќен нуклеарен погонски систем кој се вклопува во ракета со големина на рускиот Х-101 или американскиот Tomahawk и овозможува практично неограничен дострел.

Владимир Путин тврди дека ова тајно оружје е неранливо за сите постоечки и идни системи за против-ракетна и против-воздушна одбрана. Потоа беше лансиран „Буревјесник“ и беше прикажано симулирано видео од кое се чини дека е способен да маневрира, заобиколувајќи ги системите за против-ракетна одбрана. Наводно може да се лансира од мобилни копнени фрлачи, од подморници и од бомбардери, а Русите се закануваат дека е способен да погоди која било цел на Земјата.

Владимир Путин

Во средината на февруари 2019 година, ТАСС, повикувајќи се на извор од ракетната индустрија, објави дека тестовите на нуклеарната централа за ракетата „Буревјесник“ биле успешно завршени, но се чини дека тоа не е баш така. Американскиот тинк-тенк „Иницијатива за нуклеарна закана“, повикувајќи се на американско разузнавање, напиша дека од 2017 до 2019 година, Русија извршила најмалку 13 тестови, но само два биле „делумно успешни“. Во септември 2019 година, CNBC објави најмалку пет ракетни тестови, од кои сите наводно биле неуспешни. Најдолгиот лет траел повеќе од две минути, најкраткиот – четири секунди.

Дека има големи проблеми стана очигледно на 8. август 2019 година, кога се случи силна експлозија на полигонот Ненокса кај Северодвинск во регионот Архангелск. Наскоро, државната корпорација „Росатом“ објави дека експлозијата се случила на морска платформа за време на тестирање на ракета со извор на енергија од радиоизотоп.

Загинаа седуммина вработени во „Росатом“ и Министерството за одбрана на Русија. Весникот Der Spiegel, повикувајќи се на еден од докторите, објави дека двете жртви не умреле од повреди од експлозија, туку од изложеност на продорна радијација, што е веројатно затоа што руските власти објавија дека зрачењето во позадина во Северодвинск накратко се зголемило за 16 пати на денот на експлозија.

Експертите и медиумите сугерираа дека ракета „Буревјесник“ експлодирала кај Северодвинск, а тоа го изјави и тогашниот американски претседател Доналд Трамп. Пред експлозијата кај Северодвинск, се веруваше дека „Буревјесник“ се тестира само на полигонот за нуклеарни тестирања на Нова Землија, далеку од населените места. Меѓутоа, членовите на групата Џефри Луис од Институтот „Мидлбери“, кои се занимаваат со прашања за ракети и нуклеарно оружје, по проучувањето на сателитски снимки дојдоа до заклучок дека слична база се појавила во 2019 година во Нанокса, во областа Архангелск.