Вагнерците се откажаа од бунтот: белорускиот лидер му одговори на Пригожин поради крвопролевањето

Шефот на платеничката група Вагнер Евгениј Пригожин во саботата изјави дека неговите борци и тој се подготвени да загинат за татковината и ослободувањето на рускиот народ од сегашното воено раководство. Тие го освоија градот Ростов на Дон и ја презедоа воената контрола во Воронеж. Москва ги блокира влезовите во градот.