Вака Аркан зборуваше за Карлеуша откако таа изјави дека сите пејачки се к***и: Настана молк во студиото, потоа се огласи и Цеца (фото/видео)

Кога само што ја започнуваше кариерата на сцената, Јелена Карелуша во една прилика изјави дека нејзин пример е Цеца Ражнатовиќ меѓу балканските пејачки, додека таа ја избрала Витни Хјустон меѓу странските пејачки. Таа и тогаш имаше жестоки изјави  кои го привлекуваа вниманието на јавноста.

Во 1990-тите, една од најпопуларните емисии беше „Минимаксовизија“, водена од покојниот Минимакс, каде гостуваа сите најголеми ѕвезди од тој период. Во емисијата чест гостин беше и Жељко Ражнатовиќ Аркан па во една прилика му беше поставено незгодно прашање за Јелена Карлеуша додека Цеца седеше во публиката. Водителот го прочита прашањето упатено до Аркан, кое гласи – „Сè уште си лут на Јелена Карлеуша? Tи кажа многу груби зборови за неа“, праша Минимакс.

„Не, јас го кажав тоа. Таа изјави дека е пејачка, притоа изјави дека е кучка. Но, таа се изјасни за сите пејачи“, рече тогаш Аркан, на што Минимакс го прекина – „ Но, таа рече дека таа е најголемата кучка и тоа е нејзин проблем, а потоа што кажа ти?..“

„Реков дека е или дрогирана или пијана кога го кажа тоа, бидејќи за мене не е нормално некоја девојка на околу дваесет години, да каже дека е најголемата кучка!“, беше гласен Аркан.

„Гледам дека многу од нив се дефанзивни, морам да застанам на нејзина страна, таа мислеше нешто друго, но се изрази малку лошо”, рече Минимакс. На тоа се приклучи и актерката Ивана Жигон, која го кажа својот став за работите: „Еве, пред малку пеев песна – кучка сум“.

Аркан сепак остана на својот став:

„Не, мислам дека сака да биде во центарот на вниманието, има лоши советници. Кој и да ја советуваше да се изјасни, не требаше вака. Тоа ја стави на негативна страна. Гради сопствената кариера или ќе ја уништи, тоа зависи од неа“.

Минимакс потоа ја замоли Цеца која седеше во публиката, да го каже своето мислење за изјавата на нејзината колешка. До тогаш Цеца и Карлеуша беа во добри односи а потоа Цеца рече: „ Што се однесува до Јелена , јас не се најдов таму, што е и нормално, и би сакалс во иднина да зборува исклучиво во свое име, за да не и’ замеруваат колегите, тоа не и’ треба, бидејќи е многу млада и ја чека голема, голема кариера“, изјави Цеца за сегашниот лут ривал.

Ова е видеото се емитуваше во февруари 1999 година.

Една година подоцна, на 15 јануари 2000 година, Аркан е убиен во фоајето на белградскиот хотел „Интерконтинентал“.