Вака живее најбогатата Индијка: 169 автомобили, златни садови, туш со снег… (ВИДЕО )

НИТА АМБАНИ е сопруга на најбогатиот Индиец во светот, Мукеш Амбани, милијардер и сопственик на најуспешната компанија во Индија, Reliance Industries.

Нивното богатство се проценува на 83 милијарди евра, а најбогатата Индијка е позната по својот раскошен начин на живот со завидна листа на луксуз во која ужива. Во нејзината гаража има 169 автомобили, а нејзиниот персонал брои дури 600 членови, вклучувајќи готвачи, чистачки, келнери и фитнес инструктори.  

Дом од милијарда долари 

Едно од најбогатите семејства во светот живее во резиденцијата Антилија во Мумбаи, најскапиот облакодер во светот вреден милијарда долари, кој се состои од 27 ката со многу забавни објекти како што се кино, спа зона, храм, сала за бал и соба посветена на автомобили.

Членовите на семејството се релаксираат под вештачки снег и се чувани од обезбедување кое има свои посебни простории за живеење. 

Префинет вкус 

Најбогатата Индијка, учителка и дизајнерка на ентериер, сака да троши пари на луксузни предмети и има исклучителен вкус за чанти. Потрошила 350.000 евра за чанта „Хермес“, а во една прилика порачала 25.000 златни садови. Таа на својот сопруг му купила луксузен Maybach 62, додека милијардерот на сопругата и подарил млазен авион вреден 60 милиони евра. 

59-годишната Индијка обично се појавува во јавноста во традиционална облека, но Cartier, Bulgari и Gucci се некои од нејзините омилени модни брендови. Таа е позната по својата дарежливост и основала училиште и болница во Мумбаи, а брачната двојка донирала 68 милиони евра за помош во пандемијата. 

Строги правила за децата 

Најбогатиот индиски пар е во брак 37 години и има три деца, два сина и една ќерка, кои се воспитувани по строги правила. Нита инсистирала децата да се воспитуваат во скромни услови, а за време на нивното воспитување добивале џепарлак, морале да се возат во јавен градски превоз и имале строги ограничувања за излегување.