Претставник на Ватикан соопшти дека 86-годишниот папа Франциск „добро“ ја поминал ноќта во болница, откако вчера беше хоспитализиран поради респираторна инфекција.
Тој вети повеќе информации за здравјето на папата во текот на денот.
Се претпоставува дека поглаварот на Римокатоличката црква ќе остане во болница уште неколку дена поради испитување.
На папата му е отстранет дел од белодробното крило пред многу години.
Се очекува папата Франциск в недела да им се обрати на верниците.
Се очекува папата Франциск в недела да им се обрати на верниците.
Папата е хоспитализиран во болницата Гимели, каде во 2021 година му беше извршена операција на дебелото црево. Во истата болница се лекуваше и поранешниот папа Јован Павле Втори.