“ВАЊА ПРОСТИ НИ, НАСТАВНИЦИТЕ НЕ ЗНААТ ДА ЈА РЕШАТ ОВАА ЗАДАЧА…“ – Македонија обвиена во црно: Трогателни пораки од основното училиште “Јохан Хајнрих – Песталоци“

Со големо жалење, скршени од болката на прерано згаснатиот живот на Вања, ве известуваме дека утре од 09:00 часот на официјалниот влез на училиштето „Јохан Хајнрих – Песталоци“ ќе биде отворена книга на жалост, соопштија од кабинетот на градоначалникот на општина Центар, Скопје.

Тие ги повикаа роднините и сите граѓани кои сакаат да и оддадат почит на Вања Ѓорчевска, да дојдат да се потпишар. Моментално раководството на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утре со цел да обезбеди поддршка и комуникација со учениците на начин кој на сите ќе им олесни да го пребродат овој трагичен настан.

Наставниците не знаат како да ја решат оваа задача, Вања, проти ни, не можеме, не знаеме да се збогуваме… Нека ти е светол патот до вечноста! Вашата насмевка и искрената душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, вашите учители и соученици, најмила Вања“, ова се само дел од трогателните реченици со кои на социјалните мрежи основното училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“ се прости од девојчето кое беше киднапирано, а потоа убиено.

Во моментов раководството на училиштето во соработка со неколку психолози се подготвува за утре со цел на учениците да им обезбеди поддршка и комуникација со нив на начин кој на сите ќе им олесни да го пребродат овој трагичен настан.

Извршителите на овој грозоморен чин мора да одговараат што е можно поскоро, ги повикуваме институциите целосно да го расветлат случајот. Апелираме и до граѓаните да останат обединети во овие тешки моменти и да не подгреваат шпекулации. Нека е светол патот на Вања, ваква трагедија никогаш повеќе нема да се повтори“, соопштија од општина Центар.

Да потсетиме, беше пронајдено телото на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска, а полицијата соопшти дека малолетничката е убиена. Во нејзиното убиство учествувале пет лица.