Вегас со фуриозна последна третина поведе во финалето против Флорида

Тимот на Вегас Голден Најтс ја победија Флорида Пантерс со 5:2 ноќеска на домашен терен во првиот натпреварот од финалето на Стенли купот и поведоа со 1-0 во серијата подобар од четири натпревари.

Адин Хил забележа 33 одбрани, а Зек Вајтклауд, Ши Тиодор, Џонатан Марчесол, Марк Стоун и Рајли Смит го постигнаа головите за Вегас.

Стрелци за Флорида беа Ерик Стал и Ентони Дуклер, додека Сергеј Бобровски сопре 29 од 33 удари упатени кон голот на „Пантерите“.

Натпреварот беше изедначен 2:2 кога влезе во третиот период. Тогаш Вајтклауд го постигна првиот од трите гола на „Витезите“ во последниот период. Стоун зголеми на 4:2 на нешто повеќе од шест минути до крајот откако мајсторски го прими пакот во воздух. Смит погоди на празна мрежа на нешто помалку од две минути до крајот за да ја запечати победата.

Играта 2 од финалната серија се игра во понеделник навечер повторно во „Ти-Мобајл“ арената во Лас Вегас, односно во вторник утрината во 2:00 часот по македонско време. Овие натпревари на територијата на Македонија во живо ги пренесува Sportklub.

Вегас Голден Најтс заврши на првото место во Западната конференција на НХЛ, а потоа до финалето ги исфрли Винипег Џетс, Едмонтон Ојлерс и Далас Старс.

Флорида Пантерс едвај влезе во плеј-офот откако заврши осма на Истокот со еден бод пред Питсбург Пенгуинс. Потоа во плеј-офот се разигра и ги елиминираше најпрво главниот фаворит Бостон Бруинс, а потоа и Торонто Мејпл Лифс и Каролина Хјурикејнс.

Како млад клуб формиран во 2017 година, Вегас Голден Најтс има шанса да го освои својот прв Стенли куп пехар. Флорида Пантерс е нешто постара, формирана во 1993, но исто така нема ниту еден Стенли куп во своите витрини. За двата тима ова е втора за пехарот откако Вегас загуби во 2018 година од Вашингтон Капиталс, додека Флорида во 1996 од Колорадо Аваланш.