ВЕДНАШ СЕ ИЗДВОИЛА! Џил Бајден пристигна на КРУНИСУВАЊЕТО на Чарлс III, поради овој детал, многу БРИТАНКИ ЌЕ И ЗАМЕРАТ

Атипично за ваква пригода!

Свеченото крунисување на кралот Чарлс III започна во 10:20 часот, а кралската кочија пристигна пред Вестминстерската опатија во 11:00 часот. 

Кралот Чарлс Трети денеска ќе биде крунисан на церемонија која е многу поскромна од онаа приготвена за неговата мајка Елизабета Втора. Друга разлика е што овој пат нема да присуствува благородништвото, освен благородниците од другите европски монархии, а останатите гости ќе бидат политичари и познати личности. 

Меѓу првите кои пристигнаа беше сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, Џил Бајден во придружба на нејзината внука. 

Џил за оваа пригода избра син костум, здолниште и сако, со едноставни салонки во иста боја. За разлика од другите дами кои практикуваат да носат капи за такви прилики на суд, Џил дошла со минијатурна сина машна во косата.