ВЕЛЕШКИТЕ УЛИЦИ ЌЕ СЕ ЧИСТАТ СО ВОЗИЛА ОД БРАКО

Општина Велес набави две електрични возила произведени од БРАКО за одржување хигиена на градските улици.

Стручните лица од нашата фабрика ги предадоа возилата и извршија обука на лицата кои ги презедоа и ќе работат со нив.

Горди сме нашата компанија имаше најдобра понуда и по квалитет и по цена и што брендот на БРАКО, Грин Машинс, ќе придонесува за почист Велес.

Возилата кои ги произведуваме се со највисок квалитет, најповолна цена, и со најбрз обезбеден сервис и делови. 

Електричниот модел од серијата 400 е целосно развиен од тимот на инженери во БРАКО,  а во него е вграден најмодерниот систем кој максимално ги намалува штетни честички и прашина при чистење на коловозите и пешачките патеки.

Овој модел на возило БРАКО го продава во над 50 земји од светот.