„Величествениот чин на филантропија“: Влезе во турската амбасада и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот
Анонимен маж влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за помош на жртвите од земјотресот, објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф на Твитер.
-„Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша премиерот.
-„Ова се величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности“, додаде тој.