“ВЕРСКА ВОЈНА НА УЛИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА“ – Во Берлин фрлени молотови коктели врз синагога, а демонстрантите ја напаѓаат полицијата со камења, шишиња…

Ноќта меѓу вторникот кон средата, во Берлин избувнаа нови демонстрации на пропалестински поддржувачи откако проектил падна врз болница во Појасот Газа.

Полицијата тврди, пишува Bild, дека нивните полицајци биле нападнати со шишиња, камења и пиротехнички средства, на што им возвратиле со воден топ. Најмалку 20 полицајци се повредени во немирите, пренесуваат германските медиуми.

Меѓу другото, демонстрантите во средата рано наутро со молотови коктели нападнаа и синагога во Берлин, а ова го потврди и полицијата. На овие немили сцени реагираше и канцеларот Олаф Шолц кој кажа дека е „згрозен од нападот“ и дека никогаш нема да прифати напади врз еврејските институции во Германија.

Во Германија, од почетокот на војната во Израел, која започна со напад на милитантите на Хамас главно врз цивили, забележан е голем пораст на антисемитските инциденти.

Сцените на кои сме сведоци јасно покажуваат дека поминуваме низ верска војна на улиците на нашиот главен град“, изјавил полицискиот службеник Стефан Ве.