Вељко проговори за Аркан и откри дека ги чува неговите парфеми: „Да не беше куќата на мојот татко, немаше да доаѓам во Белград“

Боксерот и синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, наскоро ќе добие син по третпат, а сега откри дали тој и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ планираат уште деца.

-Сега таа ќе се породи по третпат со царски рез и потоа ќе можеме да имаме уште едно дете – објасни Вељко.

Со оглед на тоа што во последните години многу го промени животот, се посвети на семејството и спортот, на прашањето кој може да го советува, Ражнатовиќ рече:

– Можеби мојот свештеник, можеби пријателот на татко ми кого сè уште го гледам како татковска фигура – рече Вељко, кој сè уште го негува споменот на таткото, Жељко Ражнатовиќ Аркан.

– Во цела куќа има останати работи од него, сето тоа го чуваме за спомен. Дури чувам некои од неговите парфеми.

Иако е роден и израснат во Белград, живее во Тител со сопругата Богданa и синовите Жељко и Крстан. Веќе нема убави зборови да каже за родниот град бидејќи тврди дека сè се сменило.

– Да ја немав таа таткова куќа, никогаш немаше да се вратам во Белград – изјави Вељко за подкастот на Информер.

Познатиот боксер е многу близок со неговата сестра Анастасија, но вели дека не му недостига бидејќи секојдневно се во контакт и смета дека нејзиниот живот со фудбалерот Немања Гудеља во Севиља е совршен.

– Презадоволен сум од нејзиниот избор, нејзиниот сопруг е легенда и таму е многу подобро отколку што би била со нас – изјави Вељко.