ВИБРИРАЧКО АПЧЕ КОЕ ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ !? Научниците најдоа ново решение во борбата против екстремната дебелина

Тим американски научници разви ново оружје во борбата против екстремната дебелина – вибрирачка пилула (апче) која се пие пред оброците. Истражувањата покажуваат дека оваа пилула – вибрации (VIBES) или вибрирачки јадлив биоелектричен стимулатор – создава чувство на ситост и ја намалува количината на храна што се јаде, пишува The Guardian.

Во првата фаза од клиничките испитувања, се покажало дека по само 30 минути активност, оваа пилула ја намалува количината на храна што ја внесуваат свињите за дури 40 проценти.

Таблетите со своите вибрации ги активираат рецепторите во желудникот и на тој начин симулираат дека храната е веќе во него.

На тој начин желудникот почнува да испраќа сигнали до хипоталамусот, дел од мозокот, зголемувајќи ја количината на хормони кои создаваат чувство на ситост и намалувајќи го чувството на глад.

VIBES го замисливме како апче што некој ќе го пие на релативно празен стомал 20 или 30 минути пред очекуваниот оброк за рано да го разбуди чувството на ситост“, пишуваат тимот научници.

Доколку се покаже како ефикасен кај луѓето, неговото производство би чинело помеѓу 1 цент и 1 долар по пилула, поради што би можело да биде подобро решение од моментално постоечките лекови како семиглутид, кои чинат најмалку 100 евра месечно.

Вибрациите се напојуваат од батерија во апчето и почнуваат кога желудочната киселина ќе ја раствори мембраната во апчето.

Ова, велат тие, е неинвазивен метод за борба против дебелината, а остатоците од апчињата го напуштаат телото како и секој отпад.

Овој пристап обезбедува алтернативен и потенцијално синергистички пристап на моментално постоечките терапии. Пилулата нема никакви несакани ефекти“, изјавил Џовани Траверсо, професор на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).