Видеото од Филип и Прија стана вирално: Вака им цвета љубовта на парот (фото/видео)

Александра Пријовиќ неодамна имаше 3 концерти во Штарк арена и забележа вртоглав успех, а многу наскоро во регионот ја очекуваат нови предизвици и концерти.

Александра често во интервјуата што ги дава за медиумите истакнува дека нејзиниот сопруг Филип и’ е најголемата поддршка во животот, особено кога е во прашање нејзината кариера и дека сето тоа всушност е и негов успех. Сега се појави и љубовно видео на славната двојка кое стана вирално на Интернет.

Имено, додека во позадина свиреше текстот на песната ,Verujem u ljubav, za nju dajem sve”, Александра и Филип се прегрнаа, а потоа во еден момент се бакнаа пред сите, а во ова видео многумина забележаа огромните емоции кои владеат меѓу нив и дека неверојатно се сакаат.

„Овој човек ја обожава, се гледа“, „Прекрасен пар, се гледа дека многу се сакаат“, „Ти си убава и премногу добра“, „Само продолжете да се сакате така“, „Тие се симпатична“ – имаше коментари под видеото.

Да потсетиме, Александра своевремено отворено проговори во медиумите за почетокот на врската со Филип Живојиновиќ.

– Штом го запознав знаев дека тоа ќе биде љубов за цел живот. Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан во Вождовац. Веднаш ме освои со своите манири, начин на размислување и ставови. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам за него и дека тој е тој. Ме разнежни првиот пат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што би сакала да пијам и да јадам, да ми донесе. Реков ‘ништо’, затоа што знаеш како е на почетокот, кога некој ти се допаѓа, не си ниту гладен, ниту жеден – рече таа и додаде:

-Тој инсистираше да му кажам што пијам и реков дека пијам само вода. Подоцна се појави кај мене со пакетче вода. Тоа ме купи. Од тој негов гест сфатив дека внимава на тоа што го зборувам. Кој би ти донел пакет вода кога се подразбира дека имаш вода во куќата.