ВИДЕО | АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ – Никола Јокиќ уште еднаш ја покажа својата големина: Сомборецот со звукот на сирената погоди за победа од 12 метри!

Со луда тројка со звукот на сирената, Сомборецот им донесе победа на Денвер Нагетс на тешкото гостување кај Голден Стејт Вариорс.

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ беше апсолутен херој на победата на Денвер Нагетс над Голден Стејт Вориорс (130:127).

Направи нереален пресврт на Денвер Нагетс во последниот дел и уште еднаш потврди дека моментално е еден од најдобрите кошаркари на планетата.

Голден Стејт Вариорс имаа +18 нешто помалку од седум минути до крајот на натпреварот, а потоа гостите направија нереална серија и на 26 секунди до крајот по кошот на Никола Јокиќ израмнија.

Се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, но Србинот брзаше да се врати дома, па ја презеде работата во свои раце.

Во последната секунда од исклучително тешка позиција упати удар од околу 12 метри и погоди за победа на Денвер Нагетс.

По неговиот луд кош, салата во Сан Франциско замолкна, а соиграчите на Никола Јокиќ паднаа во транс. Додека Сомборецот славеше со својот тим, играчите на Голден Стејт Вариорс не можеа да се соземат од шокот кој ги снајде, особено Стеф Кари кој со неверување го следеше славјето на гостите од Колорадо.

Погледнете како тоа изгледаше: