ВИДЕО | СЕ УРНА НАЈОПАСНИОТ АМЕРИКАНСКИ ВОЕН БОМБАРДЕР – Армијата се огласи: Откриено што се случило со екипажот 

Американски бомбардер B-1 од воздухопловната база „Елсворт“ во Јужна Дакота се урна за време на тренинг лет, а сите четворица членови на екипажот се катапултираа.

Ова официјално го соопштија од военото воздухопловство на Соединетите Американски Држави.

Авионот се урнал во четвртокот околу 17:50 часот по локално време, а четворица членови на екипажот безбедно се катапултирале, пренесува AP News.

Медиумите наведуваат дека во моментот на несреќата видливоста била слаба со ниски температури и ниска облачност.

B-1 е конвенционален суперсоничен бомбардер кој првпат стапи во употреба во 1980-тите години.

Се користеше како поддршка на американските бомбардери во азиско-пацифичкиот регион и во американските воени операции во Авганистан и не носи нуклеарно оружје.