ВИДЕО | АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ЊУЈОРК! Издадено итно предупредување за 55 милиони жители: “Не излегувајте надвор!“

Десетици северни американски држави издадоа предупредувања за квалитетот на воздухот за 55 милиони луѓе денес, бидејќи чадот од стотиците шумски пожари што изгореа во источна Канада се оддалечи на југ односно на територијата на САД.

Чадот стигна до Њујорк и Конектикат каде квалитетот на воздухот беше класифициран како „нездрав“. Граѓаните можат да видат портокалово небо како во случај на песочни бури.

Изгледа како портокалова магла да го има покриено градот. Сцените изгледаат повеќе од драматично и апокалиптично.

На населението им е препорачано да поминуваат што помалку време на отворено, додека оние со респираторни проблеми да размислат за носење маски.

Училиштата се отворени и во тек, иако настаните и активностите на отворено, вклучително и матурските забави, се откажани, одложени или преместени во затворени простории.

Маршал Бурк, вонреден професор на Универзитетот „Стенфорд, на социјалната мрежа Твитер објави табела што покажува дека настанот бил поголем по обем од кој било друг во изминатите две децении во Њујорк.

Федералната управа за авијација (ФАА) издаде кратко предупредување за затворање на аеродромот „ЛаГвардија“ во Њујорк поради проблеми со видливоста предизвикани од чад.

Предупредувањето е укинато во 14 часот по локално време, но ФАА соопшти дека може да има дополнителни откажувања на летовите. Летовите за меѓународниот аеродром „Њуарк Либерти“ во Њу Џерси исто така беа одложени до полноќ.