ВИДЕО | АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД ГРЦИЈА – Бурата “Даниел“ стигна и до Солун: Невремето носи се пред себе, властите со итни предупредувања, а има и жртви…

Еден човек го загуби животот во поплавите во Волос, централна Грција, откако бурата наречена „Даниел“ ја погоди областа Тесалија.

Пожарникарите добиле повик да спасат едно лице во Волос, но кога пристигнале нашле мртов маж, пишуваат грчките медиуми.

Според прогнозата на метереолозите, во тој дел на Грција се очекуваат врнежи од дожд во следните 24 часа, а претходниот ден биле забележани исклучително обилни врнежи во Волос и цела Тесалија.

Јавните и општинските служби во Волос и Тесалија денес се затворени поради лошото време и поплавите. Во центарот на градот Волос поплавени се сите патишта, блокирани се стотина автомобили, а во прекин е и јавниот превоз.

Поплавено е и приморското одморалиште Милина, на југот на полуостровот Пелион, а проблеми има и со снабдувањето со електрична енергија во тој реон.

Водотекот Крафсидонас, кој минува низ Волос, ги надмина граничните нивоа на заштита од поплави за повеќе од три метри. Градоначалникот на Волос, Ахил Беос, и регионалниот прв човек на Тесалија, Костас Агорастос, апелираа до граѓаните да останат во своите домови поради временските неприлики.

Невремето го зафати и Солун, а засега нема информации дека предизвикало некакви проблеми.