ВИДЕО | АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД ИТАЛИЈА – Страшен порој носи се пред себе: Оштетени куќи, патишта, мостови, автомобили… 

Драматична видео-снимка од Италија, која денес беше споделена на социјалните мрежи, покажува како изгледало кога поројот однел се пред себе, вклучително и дрвени мостови, во невремето што синоќа го зафати Јужен Тирол, на северот на земјата.

Надојдениот планински порој бил предизвикан од бура што зафати неколку области, главно областа Трентино-Алто Адиџе, во долината Пустериа.

Според информациите на тамошните медиуми, најголем дел од Фуркелбах, во општината Оланг во близина на границата со Австрија, се претворил во порои кои носеле дрвени мостови и автомобили од улиците, додека водата стигнала и до локалните куќи.

Силните грмотевици предизвикале голема штета, но нема повредени, објави медиумската агенција ANSA.

Патиштата се блокирани од кал и отпад што зад себе ги остави поројот, а сличен ваков порој се случи и пред една година на ова место.

Под страшните видео-снимки кои денес беа споделени на социјалните мрежи се огласија жителите на ова место и споделија снимки од планинскиот порој.