(ВИДЕО) Бизарна несреќа за време на полагање на возачки испит, после ова тешко ќе добие дозвола

Неверојатна несреќа се случила во Аргентина за време на возачкиот испит каде жена удрила во бандера , а моментот на несреќата го снимила надзорна камера.

Жената (63) полагала возачки испит на полигонот во градот Ланус на истокот на Аргентина. Веќе на почетокот на видеото може да се забележи дека жената имала проблем со возењето околу полигонот бидејќи не можела да се задржи на асфалтот и се качувала по рабниците.

Меѓутоа, по само половина круг, 63-годишната жена целосно изгубила контрола над возилото, се качила на зелените површини и со голема брзина удрила во столб за светло, по што автомобилот се превртел на едната страна. 

На местото на несреќата веднаш била повикана итна помош и пожарникари кои и помогнале да излезе од возилото, а таа со полесни повреди е пренесена во болница . Видеото потоа се прошири на социјалните мрежи и стана вирален хит во Аргентина.