ВИДЕО | “ВЕТУВАА ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАМРЗНАТ ЕВРОПА, А СЕГА ТИЕ ЗАМРЗНУВААТ“ – Прекини на струја низ цела Русија, луѓето евдај преживуваат во длабок минус !?

Заканите од претседателот на Русија, Владимир Путин, дека Европа ќе замрзне без рускиот гас сега повторно го прогонуваат како бумеранг.

Имено, прекините на струја се шират низ Русија, и тоа на температури кои се во „длабок“ минус. Како што објави Newsweek, десетици илјади Руси немаат греење во своите домови и тоа само во регионот на Москва.

Загубата на греењето се случува како последица по пукање на грејна цевка во специјализираната фабрика за муниција „Климовска“ во градот Подолск, лоцирана на околу 50 милји јужно од центарот на Москва.

Жителите на неколку региони, вклучувајќи ги Ростов-на-Дон, Санкт Петербург, Волгоград и Воронеж, исто така беа погодени од долги прекини на електричната енергија, а некои прибегнаа кон упатување видео апели додека се бореа со температури под нулата.

Во една од видео-пораките Русите се жалат дека мрзнат и немаат друг избор освен да ги греат домовите со шпорети, греалки и што друго ќе најдат.

Други палат оган на улиците за да се загреат.

Русија вети дека ќе ја замрзне Европа, но сега таа се замрзнува. Несреќите во комуналните претпријатија се системски и руските власти не можат да се справат со нив“, напиша на социјалната мрежа Х (Твитер), Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.