ВИДЕО | Вештачки снег и куќа преплавена од “морничави“ божиќни елки – погледнете како Ким Кардашијан го прослави Божиќ со семејството и пријателите

Девојките од познатото семејството КардашијанЏенер и оваа година уживаа во луксузен Божиќ – од украси до прослави и екстравагантни модни комбинации.

Неколку дена пред Божиќ, најпознатата старлета во светот, Ким Кардашијан (43 г.), сподели видео каде откри како го украсила својот дом оваа година. Таа се одлучила за минималистички украси, а како украс користела само сребрени светилки. Ги нема традиционални божиќни бои, црвена и златна. Таа поставила повеќе борови во куќата, а обожавателите ги нарекоа украсите „морничави“. Како изгледа домот на Ким Кардашијан можете да погледнете и сами ОВДЕ.

Познатото семејство се собра за Божиќ, а бидејќи моменталните температури во Калифорнија се искачуваат и до 20 степени, на повидок немаше снег. Меѓутоа, за да им обезбедат вистинска зимска бајка на своите гости, тие имале вештачки снег.

На забавата им се придружила Парис Хилтон (42 г.) и нејзината сестра Ники, а Парис Хилтон и Ким Кардашијан заедно заминале на „санкање“. Заедно ги пееле познатите божиќни песни и уживале во магијата на празниците.

Иако сè уште не открија што носат, Кајли Џенер (26 г.) откри дека овој Божиќ избрала долг фустан со златни светки и долги ракави.

Како и изминатите години, познатото семејство на следбениците им посака среќни празници со честитка на која беа насликани нивните ликови.