ВИДЕО | Владимир Путин ќе го ‘проучи’ мировниот план од Африка за крај на војната во Украина: “Ова не можеме да го игнорираме!“

Русија внимателно ги разгледува африканските предлози за изнаоѓање решение за вооружениот конфликт во Украина“, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на самитот Русија-Африка организирана во Санкт Петербург.

Да ја земеме на пример иницијативата на голем број африкански земји за решавање на украинската криза. Тоа е сериозен проблем, не можеме да го игнорираме“, рекол Владимир Путин пред неколку високи африкански функционери на собирот на кој претходниот ден беше фотографиран и лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин.

Владимир Путин, самит Русија-Африка, Самит
Владимир Путин со дел од претседателите на држави во Африка

Владимир Путин додал дека тоа значи многу, бидејќи поранешните мисии за посредување биле монополизирани од земји со наводно напредни демократии.

Сега и Африка е подготвена да помогне во решавањето на проблемот што е надвор од нејзината приоритетна област на интерес. Ги почитуваме вашите иницијативи и внимателно ги проучуваме“, порачал Владимир Путин.

Самитот Русија-Африка доаѓа повеќе од една недела по истекувањето на договорот за жито што дозволи украинско жито да се извезува преку Црното Море и покрај ќор-сокакот со Русија.

Раскинувањето на тој договор предизвика загриженост кај африканските земји.

Владимир Путин, самит Русија-Африка, Самит
Владимир Путин со дел од претседателите на држави во Африка

Во средината на јуни, африканска делегација отиде во Украина, а потоа и во Русија, за да го понуди своето посредување во решавањето на конфликтот во Украина, но не постигна резултати.

Африканските мировни предлози вклучуваат деескалација на тензиите од двете страни, признавање на суверенитетот на земјите признати од ОН и безбедносни гаранции за сите страни.