ЗОШТО ЕВРОПА СЕ ПЛАШИ ОД ВАГНЕР !? Три земји-членки на НАТО пред голема одлука: “Ќе ја затвориме границата со Белорусија!“

Полска, Литванија и Летонија би можеле заеднички да одлучат да ги затворат своите граници со блискиот руски сојузник Белорусија доколку се случат сериозни инциденти во кои е вклучена групата на Вагнер долж нивните граници со земјата, потврди во четвртокот полскиот министер за внатрешни работи.

На 19. јули, Полска, членката на НАТО, одлучи да ги премести војниците на истокот на земјата, откако платениците на групата Вагнер започнаа да ги обучуваат белоруските специјални сили на неколку километри од нејзината граница.

Два дена подоцна, претседателот Владимир Путин ја обвини Полска за територијални амбиции против територијата на поранешниот Советски Сојуз и кажа дека секоја агресија врз Белорусија ќе се смета за напад врз Русија.

Доколку има сериозни инциденти во кои е вклучена Вагнер групата на границите на земјите на НАТО и ЕУ, како што се Полска, Литванија или Летонија, ние несомнено ќе дејствуваме заедно“, изјавил министерот Мариуш Камински.

Не исклучувам дека ако одлучиме дека ова е вистинскиот одговор во овој момент, целосно ќе ја изолираме Белорусија“, додава тој.

Полска, која негира какви било територијални амбиции кон Белорусија или Украина, беше важно засолниште за противниците на белорускиот претседател Александар Лукашенко, а Варшава стана еден од најверните поддржувачи на Киев откако Русија ја нападна Украина во 2022 година.

Патниот сообраќај меѓу Полска и Белорусија е ограничен од февруари поради влошените односи меѓу двете земји.

Полска, исто така, ја обвини Белорусија дека вештачки создава мигрантска криза на границата со тоа што доведува луѓе од Блискиот Исток и Африка и се обидува да ги натера да ја преминат границата, додека Белорусија постојано го негираше ова.