ВИДЕО | ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Хорор на плажа во познато летувалиште: Ајкула распарчила човек, а исплашените туристи гледале се од брегот…

Во познато египетско летувалиште на брегот на Црвеното Море, ајкула искинала и издела млад човек од Русија пред ужасните набљудувачи од брегот, пишува Danas.hr.

За руската медиумска агенција ТАСС, оваа вест ја потврдил генералниот конзул на Руската Федерација во ХургадаВиктор Воропаев.

Несреќниот млад човек е 23-годишниот Попов В. Ју., а починал на плажата „Dream beach“ во Хургада.

Конзулот Виктор Воропаев рекол дека момчето не бил турист, туку живеел во Египет.

На видеото кое се шири на социјалните мрежи можете да видите како ајкулата го напаѓа младиот човек, а тој се обидува да се одбрани. Во еден момент се чини дека младиот човек успеал да му побегне на предаторот, но тој сепак го турнал повторно под површината. Додека се одвивала драмата, преплашените туристи гледале од брегот.

Брод со спасувачи брзо пристигнал на местото на настанот, но младиот човек повеќе не можел да се спаси.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко и можете да го погледнете ОВДЕ!

Инаку, ова место е познато по нападите од ајкули. Во јули минатата година, две жени, Австријка и Романка, загинаа во напади на една или повеќе ајкули.