(ВИДЕО) ГАЗДИТЕ на Ал Наср се РАЗОЧАРАНИ од РОНАЛДО: ДАДОВ 200 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НЕГО, А ТОЈ ЗНАЕ САМО „СИУУ“ ДА ПРАВИ

На социјалните мрежи деновиве кружи снимка на која се гледа како еден од газдите на клубот реагира револтирано по натпревар на Ал Наср. Иако останатите се смеат, се чини дека и нему не му е сеедно од тоа што го виде досега од Роналдо.

Не помина многу долго време од спектакуларниот трансфер на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Ал Нар, Саудиска Арабија, а по сѐ изгледа љубовта на навивачите и на газдите/шеиците кон Португалецот веќе почнува да згаснува.

Сите очекуваа од Роналдо да блеска на секој натпревар и на публиката да ѝ приредува вистинско шоу со топката, меѓутоа, тој сѐ уште го очекува првиот гол на официјален натпревар, а не му оди најдобро ни со дриблинзите за време на натпреварите.

Разочаран од него е тренерот Руди Гарсија, но разочарани се и сопствениците на Ал Наср.

На социјалните мрежи деновиве кружи снимка на која се гледа како еден од газдите на клубот реагира револтирано по натпревар на Ал Наср. Иако останатите се смеат, се чини дека и нему не му е сеедно од тоа што го виде досега од Роналдо.

„Дадов 200 милиони евра, а тој знае да направи само ‘Сиууу’. Неверојатно“, наводно вели шеикот додека другите го снимаат и паѓаат од смеење.