ВИДЕО | Гори туристички брод во едно од омилените летувалишта на Македонците! Патници скокале во вода и се спасувале
Туристички брод со 82 патници се запали на грчкиот остров Родос. За среќа, патниците се евакуирани и се на брегот.
На местото на настанот се испратени и други бродови во случај да биде потребна помош.
Туристички брод со 82 патници се запали на островот Родос, едно од омилените летувалишта на македонските туристи, поради што е во тек голема евакуација!
Пожарот избувнал на брод со патници на кратко растојание од плажата Стенјон.
За секој случај на лице место пристигнуваат две возила на Брза помош, а за инцидентот се известени Капетанијата на пристаништата и Противпожарната служба.