ВИДЕО | Го нашол крадецот во станот, па посегнал по тавчето, камерата снимила се: „Ќе го боли глава“

Сопственикот истакнува дека во тој момент можел да побегне или да се бори

Драматично видео е снимено од надзорна камера на 20 јуни во Чикаго , на кое се гледа сопственикот кој решил да се справи со провалникот.

Џејсон Вилијамс пронашол непознат маж во својот дом, а првото нешто по кое посегнал е тава. Ситуацијата брзо ескалирала.

„Се активираше алармниот систем и добив порака на телефонот. Бев на неколку минути од дома, па истрчав. Влегов внатре и ја грабнав тавата“, рекол сопственикот.

Посочува дека во тој момент можел да побегне или да се бори.

Тој ја избра борбата.

На видеото се гледа како тој го брка крадецот низ дворот. Полицајците брзо пристигнале на местото на настанот и го уапсиле, пишува Times Now News.

„Брзата помош го однела. Утре ќе има главоболка“, напиша Вилијамс во описот на видеото кое го виделе повеќе од милион луѓе на Твитер.