ВИДЕО | Дали е можно !? Погледнете што се случува со патничките куфери на аеродромите: Момче ставило тајна камера на багажот и открило се!

Многу луѓе отсекогаш ги интересирало што се случува со багажот што се става на линијата за пријавување и што прават со него вработените на аеродромот пред тие да влезат во авионот и да полетаат до посакуваната дестинација. Многумина тврдеа дека нивните багажи биле фрлани и клоцани но дали тоа навистина е така ?

Еден љубопитен корисник на социјалната мрежа Тик Ток решил сам да види што се случува со багажот, па ставил скриена камера на својот куфер. Камерата го снимила целото патување од лентата за пријавување до авионот.

Ништо епохално не се случило, куферот „отпатувал“ до крајната дестинација, а потоа го ставиле во багажниот простор и така се завршило. Многумина коментираа дека не знаат што очекувал корисникот, а некои биле разочарани што ништо посебно не се случило и нивните тврдења „паднале во вода“.

Како изгледало сето тоа погледнете во видеото погоре.