ВИДЕО | ДАЛИ ТИК ТОК КОНЕЧНО ГО ДОПРЕ ДНОТО !? Родителите за повеќе прегледи кршат јајца од главите на децата, а психолозите предупредуваат: “Ваквото исмејување на децата е штетно“

Тик Ток е најбрзо растечката социјална мрежа во светот веќе неколку години. Всушност, тоа е единствената социјална мрежа со постојано зголемување на бројот на корисници – Фејсбук, Инстаграм и Х (Твитер) постојано стагнираат со нови корисници. Односно, бројот на нови корисници кои се приклучуваат на овие социјални мрежи е приближно еднаков на бројот на старите сметки (профили) кои се деактивирани.

Тик Ток досега привлече над две милијарди корисници, од кои околу 1,5 милијарди се активни месечно. Ова е вкупниот број на корисници со „сестринската“ апликација Douyin, која е наменета за корисниците во Кина. Иако Тик Ток беше многу интересен и се разликуваше од „досадните“ Фејсбук и Инстаграм во првите години, со текот на времето се појавија разни „предизвици“ (#challenge), од кои многу се сомнителни.

Стотици илјади корисници ширум светот учествуваа во неодамнешниот #eggchallenge, во кој возрасните се преправаат дека подготвуваат јадење и кршат јајца на главите на нивните деца. Вкупно, #eggchallenge генерира повеќе од 1,3 милијарди прегледи на Тик Ток, со повеќе од 170 илјади уникатни видеа. Психолозите предупредуваат дека ваквото „исмејување на децата“ е крајно штетно, бидејќи се работи пред се за нивните родители, а главната цел на се е – лајкови и прегледи.

Инаку, ова не е првиот #challenge (предизвик) со сомнителна содржина – пред неколку години имаше многу популарен #PODchallenge во кој корисниците, најчесто тинејџери, консумираа детергент во различни пакувања. За дури три години, колку што беше актуелен овој предизвик, во САД и ЕУ беа пријавени повеќе од 5.000 случаи на хоспитализација поради труење со хемикалии во детергенти, а за жал починаа осум лица.