Еве како израелските тенкови влегуваа во Газа! ИД објави видео од операцијата во северниот дел на палестинската енклава (ФОТО, ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекуваат војската на земјата, објавија видео од ноќниот упад на тенковите во Појасот Газа.

Клипот беше објавен на официјалниот профил на ИД на социјалната мрежа Х.

Беспилотните летала цело време ги снимале акциите на тенковите, како и воздушните напади кои служеле како поддршка.

Тоа покажува како тешката градежна механизација ја пробива оградата што го дели Израел од Појасот Газа и го отвора патот за влез на тенкови.

– Како дел од подготовките за следните фази од борбата, ИД изврши операција во северниот дел на Појасот Газа. Тенковите и пешадијата на ИД погодија голем број терористички ќелии, инфраструктура и позиции за лансирање на противтенковски ракети – се вели во објавата придружувана на видеото.

Во него се додава дека „војниците оттогаш ја напуштиле областа и се вратиле на израелска територија“.

На крајот од видеото, всушност можете да видите како тенковите се враќаат во Израел.