Роберт Милошески, прв Австралиец со македонско потекло, избран за советник во Равенсторп

– Австралиецот со македонско потекло Роберт Милошески, од прилепското село Алинци, на локалните избори во Западна Австралија е избран за советник во општината Равенсторп, која се наоѓа на околу 560 килопметри источно од главниот град Перт.

Тој е првиот Австралиец со македонско потекло избран на оваа функција во Равенсторп.

Милошески е успешен бизнисмен кој се занимава со недвижнини. Роден е во Перт, но со потекло од македонското селото Алинци во Прилепско.

Почесниот македонски конзул Зоран Ќосески од името на македонската амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска-Сековска, на Милошески му пренесе поздрави со желба за успех на новата функција.