ВИДЕО | ‘Драмата’ на Александар Вучиќ: “Бев во училиштето каде што се служи масакарот! Плакав…“ – одговори и на прашањето што ја прогонува цела Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходниот ден во гостување на РТС изјави дека претходните денови го посетил основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што се случи големиот масакр на 3. мај.

Го посетив училиштето, но немам потреба никому да се правдам. Не ги зедов камерите со себе, ме видоа без камера, без ништо. Имаше луѓе од обезбедувањето, таму беше и директор на училиштето и неколку наставници. Се потпишав во книгата на жалост, го посетив местото на злосторството. Тоа е страшна, ужасна трагедија… Но, немам потреба да се правдам пред некој што мисли дека има монопол од болката и тагата на сограѓаните. Дури ни да му објаснам на некого дека сум нормален човек затоа што имам три деца и дека ноќе плачев и се борев да усвојам мерки и да сменам нешто“, изјавил Александар Вучиќ во гостувањето на РТС.

Александар Вучиќ рекол дека испратил сочувство до сите поединечно и дека секој ден зборува што може да се направи.

Како да координираме илјадници служби, што да правиме…“, прашал меѓудругото во гостувањето Александар Вучиќ.

Зборувајќи за можноста за затворање на училиштето, Александар Вучиќ кажал дека дел од родителите мислат така, додека останатите родители и деца не мислат така.

Мнозинството не мисли така, но што и да кажат родителите, ние сме подготвени. Бев шокиран, ги разбирам родителите кои бараат нивните деца да не одат таму. Не можам ова да го извадам од глава“, рекол Александар Вучиќ, но додал дека децата мора да одат на училиште.

Децата мора да продолжат да живеат. Децата понекогаш полесно го преболуваат од возрасните. За тоа одлучуваат експерти, а не јас. Тоа што ќе кажат, експерти и родители, ќе го направиме“, изјавил Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија рекол дека треба да се види како ќе се продолжи понатаму по големиот масакар.

Училиштето мора да продолжи, овде или на друго место, велите – ќе го направиме тоа. За нас е важно што тргнавме во голема акција за одземање оружје“, заклучи Александар Вучиќ во гостувањето.