ВИДЕО | ДРАМА ВО АРГЕНТИНА – Голем огнен ѕид се приближува до милионскиот град: “Започната е итна евакуација!“
Централната аргентинска провинција Кордоба е зафатена од шумски пожари, поради што во вторникот неколку десетици луѓе беа евакуирани од своите домови. Пожарот бил предизвикан од силен топлотен бран во тој регион, пишува AP News.
Фотографиите и снимките покажуваат огромен пламен на ридовите околу населените места, додека пожарникарите се борат да го локализираат пожарот што зафати некои домови. Не се знае точно колку домови се зафатени од пожарот. За гаснење на пожарот одговорни се 960 пожарникари кои користат осум противпожарни авиони и два хеликоптери.
„Имаше надеж дека дождот, кој се очекуваше во вторник навечер, ќе придонесе за смирување на пожарите кои брзо се шират поради силните ветрови“, соопштуваат тамошните власти.
„Го повикувам населението да ги почитува инструкциите на пожарникарите и надлежните во подрачјата зафатени од пожарот. Најважно е да се спасат животи, евакуации ќе се прават секаде каде што е потребно“, напиша на социјалните мрежи гувернерот на Кордоба, Хуан Скиарети.
Според аргентинската Национална служба за управување со пожари, во вторникот во регионот биле активни дури пет шумски пожари. Улисес Ксарате (27 г.) е обвинет дека во понеделник наутро подметнал пожар во близина на градот Вила Карлос Паз во провинцискиот регион Пунила. Наводно, Улисес Ксарате и рекол на полицијата дека запалил логорски оган за да свари кафе и изгубил контрола над пламенот поради силниот ветер.
Провинциските власти испратија камиони со вода за пиење, храна, душеци и ќебиња во погодените области.
„Бараме да се преземат најголеми превентивни мерки бидејќи временските услови се неповолни“, напиша на социјалните мрежи Владата на Кордоба и министерот за безбедност, Хулијан Лопез.
Погледнете ги видео-снимките од големиот пожар ОВДЕ.