ФОТО | Претседателот Стево Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11. Октомври

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11. Октомври – Денот на народното востание, денеска положи цвеќе пред Меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ Бутел во Скопје, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски присуствуваше на чествувањето на Денот на народното востание во Куманово и положи свежо цвеќе пред Спомен – Костурницата.

Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Скопје и Прилеп и положија свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија во Скопје и споменикот на Методија Андонов – Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на Непобедените во Прилеп.