ВИДЕО | ДРАМА ВО МОСКВА – “КРЕМЉ БЕШЕ НАПАДНАТ, СВЕТЛАТА СЕ УГАСИЈА!“ – Русија ја оптужи Украина за обид за убиство на Владимир Путин и најави ‘жешка’ одмазда

Русија денеска ја обвини Украина за обид за напад со беспилотно летало врз Кремљ со цел да го убие претседателот Владимир Путин. Ова тврдење го соопшти официјален Кремљ, а истото е објавено од сите руски медиумски агенции.

Во текот на ноќта Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во обид да се убие претседателот Владимир Путин“, потврдија денес од администрацијата на рускиот претседател за руските медиуми.

Кремљ соопшти дека наводниот напад го смета за „планиран терористички акт“ и го задржува правото на одмазда.

Жителите на Москва пријавиле дека слушнале две експлозии зад ѕидините на Кремљ нешто по 02:00 часот по локално време, по што светлата се изгаснале, пренесуваат руските медиуми.

Видео-снимките споделени од жителите на руската престолнина на социјалната мрежа Телеграм го покажуваат инцидентот, додека чад може да се види на небото над Кремљ.

Видеата можете да ги погледнете овде.

Кремљ вели дека станува збор за „безобразен напад“ од Украина со помош на два дрона, од кои и двете велат дека се уништени. Нема повредени, објави медиумската агенција ТАСС.

Кремљ, опишувајќи го инцидентот како „планиран терористички напад“ и „обид за атентат на претседателот на Русија“, сега се заканува дека ќе преземе „одмазднички мерки“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин не е повреден за време на нападот со украинските дронови. Прес-службата на претседателот на државата појасни дека инцидентот исто така не влијаел на неговиот распоред. Додека, подоцна, портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков извести дека претседателот не бил во Кремљ во моментот на нападот.