ВИДЕО | ДРАМА И СЕДУМ ГОЛА НА “ЕНФИЛД“ – Ливерпул губеше до 87′ минута, а потоа дојде до неверојатен пресврт

Фудбалерите на Ливерпул барем за кратко стигнаа до второто место на табелата во англискиот шампионат со драматичната победа од 4:3 (2:2) на домашен терен против Фулам во 14. коло.

Ливерпул неколку пати водеше во првото полувреме, но гостите двапати се враќаа. Прво, одличен слободен удар на АлександарАрнолд се одби од гостинскиот голман Лен во мрежата, но Вилсон (24′) брзо израмни. Мекалистер (37′) погоди со феноменален удар од далечина за 2:1, за Тете (45+3′) да израмни на 2:2 во судиското надополнување од публиката по корнер.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ГОЛОВИТЕ ТУКА

Кога Де Кордова-Рид (80′) му донесе водство на Фулам, се чинеше дека Ливерпул ќе киксне, но Ендо (87′) и Александер-Арнолд (88′) направија пресврт со прецизни удари од работ на шеснаесетникот.

Второпласираниот Ливерпул сега има 31 бод, два помалку од лидерот Арсенал и два повеќе од третопласираниот Манчестер Сити.

слика